drag the shapes & find balance
Брендинг и кампањи

Ребрендирање на Amstel

За Пивара Скопје го спроведовме ребрендирањето на Amstel на македонскиот пазар: од новата етикета и лименка до првата локално продуцирана видео реклама за Amstel во Македонија.

Предизвик
Amstel воведе нов глобален визуелен идентитет, со платформа од одобрени елементи и строги насоки. Од таа платформа требаше да се изработи дизајнот за македонскиот пазар и новиот изглед да се претстави така што купувачите ќе знаат дека вкусот не се променил.

Одлука
Слоганот го поставивме како одговор на прашањето што секој потрошувач го има при промена на пакување: дали се сменило и пивото?
„Нов изглед. Истиот, врвен вкус!“

Видеото го покажува новиот дизајн од секој агол, без да делува како реклама за амбалажа.

Што направивме

  • дизајн на етикета за стаклено шише и лименка за македонскиот пазар, од глобалната платформа на Amstel
  • концепт и продукција на видео рекламата
  • медиумско планирање и закуп за дигитални медиуми
  • содржина и водење на социјалните мрежи
  • плакати и флаери
  • брендирање во маркети: хенгери, воблери, картолини, полици
  • брендирање во локали: постери, table tents, подметачи, отворачи
Key visual за новиот изглед на Amstel: шише и лименка со пораката „Нов изглед. Истиот, врвен вкус!“

Лансирате или ребрендирате производ? Закажете разговор