drag the shapes & find balance
Настани и промоции

10 години со Пакомак

Пакомак е друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Со нив работевме десет години: од 2014 до 2023 ги водевме нивните профили на Facebook и Instagram, а во 2024 станавме нивна агенција за целокупна комуникација.

Предизвик
Селекцијата на отпад е тема со која сите се согласуваат, а малкумина ја практикуваат. Истата порака требаше да се повторува години наред, а да не стане досадна.

Пристап
Пораката ја носевме таму каде што луѓето веќе се: секој ден на социјалните мрежи, а во 2024 и на фестивали, концерти и детски претстави. Пакомак ги осмислуваше своите проекти, а ние ја водевме комуникацијата: визуелен идентитет, материјали, промоција и содржини.

2014 – 2023 · Социјални мрежи

Една тема, десет години

Објави за Facebook и Instagram: секоја фракција, секој контејнер и секоја нова услуга на Пакомак, објаснети едноставно.

Скролај десно за повеќе →

Објава на Пакомак 2017: пластиката што ја користиме само еднашОбјава на Пакомак 2019: рециклирањето хартија заштедува водаОбјава на Пакомак 2020: време е за селектирање стаклоОбјава на Пакомак 2020: дали овие производи можеш да ги селектирашОбјава на Пакомак 2020: жолт контејнер за пластика и лименкиОбјава на Пакомак 2021: жолт контејнер за селекцијаОбјава на Пакомак 2021: повратна вендинг машинаОбјава на Пакомак 2022: што ако не знаеш каде за Нова годинаОбјава на Пакомак 2023: селектираме правилно, повратни вендинг машини

2024 · Д Фестивал

Биди зелен, не биди „зелен“

Кампања за селекција на отпад на Д Фестивал во Дојран, од концептот до зоната за рециклирање. Целиот кејс →

Скролај десно за повеќе →

Постер на Пакомак за Д Фестивал: Биди зелен, не биди зеленБекдроп на Пакомак за Д ФестивалОбјава на Пакомак за апликацијата Ekomak на Д Фестивал

Што направивме

  • Facebook и Instagram од 2014 до 2023: содржини, дизајн на објави и комуникација со заедницата
  • кампања за Д Фестивал 2024: концепт, визуелен идентитет, материјали и активации
  • комуникација за Sound of Green, Меџик Кико и Trash4Art: визуелен идентитет, печатени материјали и промоција на социјалните мрежи

2024 · Sound of Green

Музички фестивал со влезница од отпад

Музички фестивал на Пакомак во партнерство со Амбасадата на Швајцарија, 30 август 2024 во паркот на МКЦ. Влезница беше едно пластично шише, една лименка или инсталирана апликација Ekomak. Ги изработивме постерот, поканата, сцената и објавите.

Скролај десно за повеќе →

Постер за Sound of Green, музички фестивал на ПакомакПокана за Sound of Green во МКЦОбјава за Sound of Green на Instagram
Бендот на сцената на Sound of Green со брендираната позадинаИзведувачите на Sound of Green се поклонуваат на публикатаПублика на Sound of Green во паркот на МКЦDJ сет на Sound of Green пред публикатаDJ на сцената на Sound of GreenСцената на Sound of Green со визуелниот идентитет на фестивалотПублика пред сцената на Sound of GreenСветла и публика на Sound of Green

2024 · Меџик Кико

Еко магионичарско шоу за деца

Претстава на магионичарот Кристијан Шопов – Меџик Кико за селекција и рециклирање, 14 и 15 декември 2024 во кино Фросина, МКЦ. Претставата беше распродадена. Ги изработивме флаерот, разгледницата, сценските елементи и промоцијата.

Скролај десно за повеќе →

Флаер за Меџик Кико, еко магионичарско шоу на ПакомакЗадна страна на флаерот за Меџик КикоФото-разгледница И јас сум еко магионичар за децата на Меџик КикоФото-ѕид И јас сум еко магионичар во МКЦМеџик Кико на сцената во кино Фросина

2024 · Trash4Art

Уметност од отпад

Trash4Art е проект на Пакомак за уметност од отпад. За изданието 2024 ги изработивме креативите за кампањата.

Скролај десно за повеќе →

Креатива за Trash4Art 2024: топка од отпад во урбана улицаКреатива за Trash4Art со Прилепска пивараКреатива за Trash4Art за децаКреатива за Trash4Art за електронски отпадКалендар за Trash4Art 2024

Барате агенција за долгорочна соработка? Закажете разговор