drag the shapes & find balance
Обуки и консалтинг

Обука за дигитален маркетинг

За канцеларијата на Светската здравствена организација во Северна Македонија подготвивме и одржавме дводневна обука за дигитална комуникација за Одделението за односи со јавност на Министерството за здравство. Обуката ја поминаа 19 вработени од седум институции од јавното здравство, а за нив подготвивме и прирачник и сертификати.

Предизвик
Министерството секој ден комуницира за политики, новости, кампањи и кризни ситуации, често брзо и со мал тим. СЗО бараше обука што ќе му даде на тимот практични алатки, од стратегија до пишување, дизајн и платено рекламирање.

Одлука
Програмата ја засновавме на вистинските задачи на Министерството. Секоја сесија заврши со практична вежба на нивни теми: цели и пораки за Министерството, анализа на нивна претходна кампања и бриф за нова. Сесиите ги водеа четворица експерти од нашиот тим, секој за својата област.

Обуката

Два дена, пет сесии

20 и 21 септември 2023, Скопје. Секоја сесија заврши со практична вежба на теми на Министерството.

01Комуникациска стратегија и кризен менаџментцели, целни групи, клучни пораки и насоки за кризни ситуации
02Пишување содржинабрифирање, прилагодување за различни публики, пишување за дигитални медиуми
03Развој на кампањаод цели до канали, со анализа на претходна кампања на Министерството
04Подготовка на дизајнивизуелен идентитет, основни правила и адаптации за различни канали
05Платено рекламирањеформати, таргетирање, ремаркетинг и метрики за следење

Скролај десно за повеќе →

Учесници на обуката за дигитален маркетинг за Министерството за здравство, во сала со презентацијаПредавач од Brand Union на обуката, пред банерите на Светската здравствена организацијаСесија за пишување содржина на обуката за Министерството за здравство

Што направивме

  • програма за дводневна обука во пет сесии
  • презентации и практични вежби за секоја сесија
  • прирачник за учесниците, со насоки и примери од сите сесии
  • визуелен идентитет на обуката, дизајн на прирачникот и сертификатите
  • одржување на обуката

Во бројки

  • 19 учесници од 7 институции: Министерство за здравство, „Мој термин“, Фонд за здравствено осигурување, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Институт за јавно здравје, Агенција за лекови и медицински средства и Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи
  • 2 дена, 5 сесии
  • прирачник од 48 страници

Прирачник и сертификат

Водич за секојдневната работа

Прирачникот ги собира насоките и примерите од сите сесии, за тимот да може да се враќа на нив и по обуката.

Скролај десно за повеќе →

Корица на прирачникот Обука за дигитална маркетинг-комуникацијаИлустрирана страница од прирачникот за дигитална комуникацијаПрирачникот отворен на сесијата за пишување содржинаСтраница со табела за планирање објави од прирачникотЗаклучок од сесија во прирачникот за обукатаСертификат за учесниците на обуката, со логото на Светската здравствена организација

Ви треба обука за вашиот тим? Закажете разговор