drag the shapes & find balance

Пакомак на Д Фестивал

На Д Фестивал креиравме свежа и динамична кампања за Пакомак, насочена кон младата фестивалска публика и нејзините секојдневни навики.

Преку концептот „Биди зелен, не биди ‘зелен’“, еко-пораката ја поврзавме со локалниот сленг и создадовме комуникација што е разиграна, разбирлива и веднаш блиска до посетителите.

Нашиот тим го осмисли целокупното присуство на брендот на фестивалот – од носечката креативна идеја и визуелниот идентитет, до активациите на терен и комуникацијата со публиката.

Фестивалскиот простор беше исполнет со јасни визуелни пораки, интерактивни содржини и активности што го претворија рециклирањето во дел од самото доживување.

Во рамки на кампањата беа реализирани:

  • Главна креатива и слоган, со концепт за интегрирано фестивалско присуство.
  • Брендирани елементи на локацијата – голем бекдроп, штандови и сценска визуелна комуникација (дигитална анимација)
  • Интерактивни активности – кошови „Погоди го ѓубрето“, патокази за селекција на отпад и ангажирани промотери.
  • Reusable еко-чаши и промотивна цена на пијалоци за посетителите што ги користеа.
  • Дигитална активација преку Ekomak апликацијата, со 300 зелени поени за секој нов корисник.
  • ПР и информативни материјали – соопштенија, флаери и директна комуникација со публиката.

Кампањата ја претвори пораката за селекција и рециклирање во видливо, забавно и заедничко искуство.
Пред илјадници млади посетители, Пакомак се позиционираше како современ и активен двигател на зелени навики – бренд што зборува на јазикот на новата генерација.

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.