При крај на месецот, ги собравме на купче омилените кампањи/новости/проекти на дел од нашиот тим за месец јуни 🙂 Се надеваме дека ќе ви помогнат во секојдневното работење, ќе ве инспирираат или мотивираат. Ако сакате да си поразговараме повеќе на овие теми, слободно пишете ни тука.
Мојот win за месецов е кампањата „Lets move“ на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и на СЗО. Кампањата по повод Olimpic day – „Get your invite“ на интересен и cool начин, ја предизвикува публиката да се размрда и конечно во својот дневен распоред да закаже термин за вежбање или движење на било кој начин, макар side leg raises додека нешто грицкаме. 😁 Светот се движи побрзо од кога било, но луѓето се движат се помалку. Па ова е штосен начин да се пренесе пораката дека сите имаме време, ама себеси и времето за раздвижување го ставаме на крајот од листата на приоритети. Кампањата има и многу подлабока порака, ама пред се да си најдеме термин за себе! 🙂
Има многу AI алатки кои што можат да ви го олеснат животот во секојдневното работење, како на пример зголемување на слики. Пред една година не беше возможно да се зголеми слика, единственото нешто што можевме да го направиме е да ја намалиме. Луѓето споделуваат слики цело време на социјалните мрежи и апликациите за разговор каде што сликите се компресираат многу и не се употребливи за печатени материјали, а после тоа ви бараат да дизајнирате билборд со истите… Ова се 2 страни кои ги користам секојдневно и работат доста добро: www.imgupscaler.com и www.upscale.media
Нешто што последно ми остави впечаток е дефинтивно последната кампања на Jacquemus (дизајнер кој во модната индустрија се издвојува со своите поинакви и несекојдневни модни ревии и излози…). Добро препознатливите чанти на Јacquemus движеа низ улиците на Париз, што не можеш да не ги забележиш. Со оваа кампања ја покажаа заинтересираноста за дизајнирање на oversized tote bags, а и на нас ни се поместија границите во однос на тоа што можеме следно да очекуваме.
Toкму при моја посета на Хрватска во месец јуни, Карловачко (моето омилено пиво 😊) решиле на новиот член на своето познато пивско семејство да му претстават забавна летна ТВ реклама. Градот Карловац и неговите жители се главни протагонисти на рекламата која ги прикажува најкреативните методи на разладување за време на летните горештини. Легендарниот базен и дворовите на Фогин во Дубовац обезбедиле феноменална сцена за прикажување на жешката летна атмосфера. Рекламата покажува како всушност не бираме начини за да најдеме спас од летните горештини. Има истурање вода од леген, стратешко позиционирање на вентилаторите во станот, но и ставање на главата во фрижидер… Секако, новото ледено пиво на Карловац е најдобриот начин за разладување. Информација од прва рака, ова ново лагер пиво е исклучително лесно за пиење и полно со вкус, што е постигнато во пиварницата од Карловац со методот на филтрирање блиску до точка на смрзнување. Има и етикета со термички ефект што ја менува бојата за да ја означи идеалната температура за консумирање и брзото ладење во реката или покрај морската плажа додека се дружиме со нашите најблиски. Како и секогаш, ОДЛИЧНИ! 🍺
Сѐ уште не знам од кој аспект повеќе ме допре кампањава на Dove. Дали бидејќи сум од неодамна мајка па премногу мислам каде оди иднината кога се во прашање социјалните мрежи, AR технологии? Или бидејќи како жена се повеќе гледам како младите девојчиња од многу млади години имаат исти и совршено полни усни, впечатливи очи, нагласени јаболчници на фотографиите кои ги објавуваат секојдневно.
Во март, оваа година, брендот за убавина Dove ја повика својата глобална заедница предводена од инфлуенсери да му сврти грб на трендовскиот филтер Bold Glamour – дел од AR технологијата што прикажува и претставува еден загрижувачки идеал за „убавина “. Дефинитивно во вистинско време и на вистински начин Dove успева да покрене ициницијатива против тие пренаместени, нереални филтри и фотографии.
После само 24 часа стасуваат и преубавите реакции и поддршка за кампањата која потоа преминува и во движење #NoDigitalDistortion.
Отсекогаш сум сакал добро промислени пораки кои се објаснуваат и разбираат на прва со само една креатива. Burger King со години тоа го прави одлично, а посебен впечаток ми остави нивната последна кампања „Late Breakfast“. Со една мала модификација на познатата изрека „The most important meal of the day“, оваа кампања успешно го отсликува духот на главниот „guilty pleasure“ после секое излегување во град. Мене признавам ме натера на уште еден бургер после диско. 🙂
Силно верувам дека како во животот, па така и во маркетингот, пристапот „Помалку е повеќе“ може да нè однесе до најдобрите решенија и резултати. Ова уште еднаш ми се потврди и со последната кампања на Match, кои покажаа дека кога имате генијален копирајтинг(и добро ги познавате т.н. „pain points“ на вашата публика) ништо повеќе не ви ни треба. 🙂
Доколку ги пропуштивте мајските фаворити, погледнете ги тука.