drag the shapes & find balance

Monthly picks (May edition)

Кога работиш маркетинг едноставно невозможно е да не следиш редовно што сè се случува во маркетинг индустријата на локално и интернационално ниво. Од овој месец, одлучивме да стартуваме со серија на блог постови во кои ќе им дадеме „props“ на креативни дела направени од други агенции и креативци кои ни се допаѓаат, нè инспирираат или едноставно сметаме дека се вредни да ги погледнете.

Секој месец, претставници од нашиот тим ќе ги споделуваат своите фаворити со објаснување што е тоа што им се допаднало и зошто сметаат дека тој конкретен пример е вреден за споделување. Почнуваме со фаворитите за месец мај на Бојана, Ива и Оли!

Ива:

Oh my dear friendsss, I’m so excited!

Апсолутен победник за мене за овој месец е кампањата за паштетата Patelina. Ovation Belgrade успеаа да најдат начин да ја направат паштетата интересна, да сакаш да ја изгледаш рекламата неколку пати (и да те прогонува песната следните 3 дена) како и да го запомниш името на производот по само едно гледање. „Тако фина“ на прва не делува како најмоќниот слоган, но успеале да најдат супер примена и да остават простор за градење на цела комуникациска платформа. Се надевам дека ќе има уште соработки со легендарниот Кнез, особено ако планираат отворање на странски пазар 😊

Бојана:

Не можам да се сетам дали за која било кампања на IKEA сум ја дала друг коментар освен „генијална“ 😊

Едноставно секогаш успеваат совршено да ги претстават сите „несовршености“ од секојдневието и со тоа да покажат колку добро си ја познаваат публиката. Во оваа кампања која ја објавија непосредно пред „Mother’s day“ уште еднаш покажаа дека сè додека имаме моќна и реална (помалку совршена) приказна во која публиката може да се препознае (ретко кој родител нема да се препознае во оваа) производот може да стои неискористен, во позадина. Или како што тие би кажале „Proudly Second Best“.

Оливер:

Кој не слушнал за Halli во маркетинг светот пропуштил доста интересни проекти на кој што работел и сè уште работи. Претходниве денови објави еден од нив за новата банкарска институција во Исланд која што не сака да се нарекува банка. Кој не би сакал да поседува вакви супер интересни дизајнирани картички? 😊