Пакомак е друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Со нив работевме десет години: од 2014 до 2023 ги водевме нивните профили на Facebook и Instagram, а во 2024 станавме нивна агенција за целокупна комуникација.
Предизвик
Селекцијата на отпад е тема со која сите се согласуваат, а малкумина ја практикуваат. Истата порака требаше да се повторува години наред, а да не стане досадна.
Пристап
Пораката ја носевме таму каде што луѓето веќе се: секој ден на социјалните мрежи, а во 2024 и на фестивали, концерти и детски претстави. Пакомак ги осмислуваше своите проекти, а ние ја водевме комуникацијата: визуелен идентитет, материјали, промоција и содржини.
2014 – 2023 · Социјални мрежи
Објави за Facebook и Instagram: секоја фракција, секој контејнер и секоја нова услуга на Пакомак, објаснети едноставно.
Скролај десно за повеќе →









2024 · Д Фестивал
Кампања за селекција на отпад на Д Фестивал во Дојран, од концептот до зоната за рециклирање. Целиот кејс →
Скролај десно за повеќе →



Што направивме
2024 · Sound of Green
Музички фестивал на Пакомак во партнерство со Амбасадата на Швајцарија, 30 август 2024 во паркот на МКЦ. Влезница беше едно пластично шише, една лименка или инсталирана апликација Ekomak. Ги изработивме постерот, поканата, сцената и објавите.
Скролај десно за повеќе →











2024 · Меџик Кико
Претстава на магионичарот Кристијан Шопов – Меџик Кико за селекција и рециклирање, 14 и 15 декември 2024 во кино Фросина, МКЦ. Претставата беше распродадена. Ги изработивме флаерот, разгледницата, сценските елементи и промоцијата.
Скролај десно за повеќе →





2024 · Trash4Art
Trash4Art е проект на Пакомак за уметност од отпад. За изданието 2024 ги изработивме креативите за кампањата.
Скролај десно за повеќе →





Барате агенција за долгорочна соработка? Закажете разговор