Повеќе од 10 години ги спроведуваме инфлуенсер кампањите за Philips во Македонија, за шест линии производи, на Instagram, Facebook, TikTok и YouTube. За Philips ова е еден од најважните канали, бидејќи производите како OneBlade, Lumea и Avent најдобро ги објаснува некој што ги користи. Најгледаниот reel има повеќе од 355.000 прегледи.
Предизвик
Кампањата мора да делува органски. Затоа бираме инфлуенсери што навистина ги користат производите, задоволни се од нив и го пренесуваат своето искуство со свои зборови.
Одлука
Работиме со микро и со макро инфлуенсери, а ги бираме според тоа кој ги следи. Пред да оствариме соработка со некого, прво ја проверуваме публиката по пол и возраст, и соработуваме само доколку профилот одговара на производот. Микро-инфлуенсерите имаат помала, но поблиска публика и често носат повеќе од планираното. Макро-инфлуенсерите носат обем. Кампањите се повторуваат секоја година, а дел од инфлуенсерите се враќаат, бидејќи довербата се гради со континуитет.
Што правиме
Резултати
OneBlade · 2023–2026
Секоја сезона бираме нови креатори за OneBlade, со различен хумор и различна публика.
Скролај десно за повеќе →





Коментари од публиката
Алал… нова ера во маркетингот.
Нека научат македонските инфлуенсери шо е реклама ✌️
Хахаха цар, нема подобар маркетинг тим да смисли ваква реклама
Повеќе за кампањата со Modernizam прочитајте на нашиот блог.
Avent · Светска недела на доењето
Секој август, за Светската недела на доењето, мајки со бебиња раскажуваат како ја користат пумпата Avent и одговараат на прашања од следачите.
Lumea · 2026
За Lumea, Луна Стефаноска и Мина Блажев покажаа како го користат уредот дома, во видеа за Instagram и TikTok.
HairCare · SenseIQ · 2025–2026
Фризерите од Hairdo, Stance Kiprijanov и Studio Sim Saltirova ја користат HairCare линијата SenseIQ во секојдневната работа и ја покажаа на своите клиентки. Со нив и инфлуенсерката Иларија Кирилов покажа како ја обликува косата сама дома.




Ви требаат инфлуенсери за вашиот бренд? Закажете разговор