drag the shapes & find balance

We do things right – Influencers edition

Интензивно работиме со инфлуенсери веќе со години, но оваа последна соработка е нешто навистина посебно.😊 Заедно со @modernizam.i.renesansa, работевме на промоција на најновото од лична нега на Philips, Оne Blade.

Иако профилот на Модернизам и ренесанса има многу специфичен тип на содржина кој на прв поглед можеби и не е толку насочен на промоција, тие успеаа да направат одличен спој на смешна и корисна содржина, спроведувајќи ја веројатно најуспешната инфлуенсер кампања во земјата досега.

Коментарите на фановите се движеа од „нова ера во маркетингот“ до „инфлуенсери треба да учат од ова“, додека click-through-rate и интеракциите беа одлични како и што очекувавме. Погледнете ги двата најпопуларни Reels од оваа кампања и побарајте нѐ доколку размислувате за соработка со инфлуенсер, веќе имаме идеи 😊