drag the shapes & find balance

Започнете со Insta Reels!

by Ивана Џаревска

Insta Reels со причина се здобија со висока популарност. Отворија нова можност во креирањето и споделувањето на кратки и привлечни видеа поддржани со музика. Благодарение на нив (и Tik Tok видеата како нивни претходници) сега секој може да биде креатор на оргинални видео содржини. Instagram Reels се совршена можност за корисниците, но и за брендовите да се изразуваат на нов и многу побрз начин за креирање свежа содржина.

Ова се само неколку причини зошто во овогодинешната маркетинг стратегија никако не треба да ги изоставите Insta Reels:

Тука се засекогаш.

За разлика од Instagram Story, Reel видеото останува актуелно на профилот се додека вие не решите истото да биде избришано.
Зголемете ја свесноста за брендот и поврзете се со поголема база на корисници и клиенти, бидејќи Reels се достапни и видливи и за оние кои не го следат вашиот профил. Со ова објавите се пристапни за постојните следачи, а подеднакво привлечни и за новите. На овој начин креирате и лојална заедница која може да ги споделува и коментира вашите видеа, па дури и да креира ремикс од истите. Reels содржините отвораат нов простор за поврзување и интеракција со вашата публика, не пропуштајте да го искористите!

Имаат поголема гледаност.

Поради тоа што ова е една од најновите и најактуелни опции на Instagram, алгоритамот на оваа социјална мрежа им дава предност на Reels а со тоа и поголема видливост и поголема можност за споделување. Самата платформа го поттикнува креирањето на куси вертикални видеа до 60 секунди, а за сметка на тоа им дава второстепена вредност на досега масовно користените фотографии и Stories. Reels видеата имаат 2.54% video view rate, наспроти Instagram видео содржините кои имаат video view rate од 1.74%.

Даваат простор за раскажување.

Крајните корисници на социјалните мрежи секојдневно се среќаваат со многу информации од различни категории. Reels нудат можност во само неколку секунди преку куси, интересни видеа да кажете многу и да привлечете, а и да задржите внимание. Анимирајте ја вашата публика на начин кој и е интересен и на кој самата сака да помине многу време.

Сѐ уште се мислите дали Reels се вистинскиот избор за вас? Контактирајте нѐ, тука сме да одговориме на сите ваши прашања и да ве воведеме во светот на Insta Reels!