drag the shapes & find balance

Време е за ТикТок!

by Борис Какуринов

Верувајте ни кога ќе кажеме дека секоја следна секунда потрошена без присуство на ТикТок е само заостанување зад конкуренција. Нема повеќе време за изговори, едноставно време е да се фатите за работа и да ја покажете вистинската страна на вашиот бренд.

Ова се неколку tips and tricks, насоки и совети кои ќе ве подготват за да започнете денес со низок старт:

Дозволете си да изгледате „смешно“

Запомнете, колку изгледа понезгодно, толку подобро. ТикТок е место каде што треба да бидеме свои, природни какви што сме и кога нема камери. Убавината на видеата е во нивната несовршеност, искреноста, скромноста и шегите на своја сметка. Прикажувањето на вашата компанија и вработени во реално светло наместо креирање на искривена, идеализирана слика ќе ви помогне полесно и побрзо да остварите близок контакт со вашата целна публика и да ги остварите толку посакуваните разговори со нив.

Добрата страна на ТикТок е што никој тука не очекува и не бара совршенство. Напротив, тука сите сме обични, достижни и секојдневни. И да, знаеме дека добро видео бара време за осмислување, режирање и монтажа, но тоа не мора да е секогаш така. Никој не очекува професионална камера и осветлување. Важна е идејата, пораката и начинот како ќе ја презентирате.

Неопходна е брзa реакција.

Трендовите траат неколку денови, што значи дека имате само ден-два да реагирате. Штом забележите нов звук, филтер или идеја почесто да се прикажува на вашиот „For You“ Page, веднаш пренаменете ја во полза на вашиот бренд и започнете со снимање. Целосниот потенцијал на трендовите (зголемен број на органски прегледи, кликови, лајкови или коментари) го користат само оние кои први реагираат.

Заборавете на директна продажба.

Ова не е место каде што ќе го поставите производот и ќе кажете „купи денес“. ТикТок е апликација каде продавањето на услугите и производите се сфаќа наметливо и одбивно. Размислувајте долгорочно како вашиот бренд да стане првата асоцијација во главата на потрошувачите кога ќе треба да го изберат вашиот производ или услуга. Развивајте дискусија со публиката, дајте им нешто корисно, насмејте или инспирирајте ги. Работете на добриот впечаток кај публиката, откако ќе го заслужите нивното внимание, останатото ќе дојде многу полесно.

@duolingo Replying to @amia._uwu ♬ الصوت الأصلي – مازن جيتا

Поврзете се со инфлуенсери.

Оставете тие да зборуваат за вашиот бренд, тие се единствените на кои им е оправдано директно да ве рекламираат на ТикТок. Тие веќе имаат изградено свој стил на комуникација на оваа платформа и знаат како дури и директната продажба да направат да изгледа суптилно и ненаметливо, а сепак доволно јасно и интересно за да се допадне на нивната публика. Заедно со инфлуенсерите, поттикнете ги да се вклучат во натпревар, да прават дуети или да коментираат што мислат за вашите производи, резултатите ќе дојдат експресно брзо.

@charlidamelio my current obsession is making stocking stuffers for my friends 🥺 shop my favs on @Amazon holiday gift guide #founditonamazon #ad ♬ Deck the Halls – Lofi – Gentle State

Трпение-спасение.

Некои објави поминуваат полесно, за некои треба повеќе време, а некои едноставно и не се толку добри. Важно е дека само упорните успеваат.

Видеата нека бидат „кратки и слатки“.

Платформата е измислена за оние кои имаат мал „attention span“, затоа обидете да го задржите вниманието уште во првите неколку секунди. Иако имате можност да прикачите видеа и до 6 минути, потрудете се да го задржите оригиналниот концепт на 15 до 30 секунди со цел тие да бидат полесни за следење и да не го изгубите вниманието на публиката. Раскажете ја главната поента во првите неколку секунди, а доколку не ви е доволно време поканете ја публиката да посети некоја од вашите останати онлајн платформи кои секако можете да ги линкувате на ТикТок профилот.