drag the shapes & find balance
Настани и промоции

Пакомак еко магично шоу со Меџик Кико

Пакомак, во соработка со магионичарот Кристиан Шопов – Меџик Кико, беше реализирана детска едукативна претстава посветена на селектирањето и рециклирањето.

Настанот се одржа во кино Фросина во МКЦ, каде преку магија, игра и интеракција децата на едноставен и забавен начин се запознаа со еко навиките.

Brand Union беше одговорен за целокупната креативна и комуникациска поддршка на настанот — од носечката визуелна идеја, до реализацијата на сценските и интерактивните елементи.

Во рамки на проектот реализиравме:

  • развој на носечка креатива и визуелни адаптации
  • комуникациски материјали и принт постери
  • сценски дизајн и визуелно уредување на просторот
  • интерактивни активности за децата
  • логистичка поддршка и координација на настанот

Со јасен визуелен јазик и внимателно осмислена комуникација, настанот доби препознатлива и блиска форма за најмладата публика, пренесувајќи ја еко-пораката на разбирлив и забавен начин.

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.