drag the shapes & find balance

Monthly Picks (July Edition)

Дојде она време од месецот кога правиме краток преглед на кампањите и проектите кои ни го задржале вниманието. Ѕирнете кои се нашите фаворити, а овде можете да ни пишете и кои се вашите. 🙂

ДИМЕ

Колку брилијантно дело! Неверојатната кампања наречена „Summer of Sport“ на брендот Castore, изработена од вештите раце на креативната агенција FCB London, како носечка креатива ја искористи рендгенската снимка на Енди Мареј за да се отслика суровата реалност на спортот.

Целта на оваа кампања, која се надоврза на веќе поставената платформа „Better Never Stops“, беше да го истакне партнерството кое Castore го имаше воспоставено низ годините со легендарни спортисти и спортски тимови.

Честитки до сите вклучени! 👏

МИЛА

Уште во прв момент кога го видов провокативниот постер, знаев дека ќе ми се допадне идејата. Кампања која буди чувство на гнев и нервоза кај секоја жена, кампања која отсликува ситуација во која многу жени во некој момент се нашле… Проследен со јасен call to action и „шанса“ да ја тргнеш таа негатива од себе. L’Oreal успеа да направи кампања на која никој не може да остане рамнодушен и воедно да биде поддршка за секоја жена.😊

ФИЧО

За љубителите на 2D анимација, тимот на Алан Бекерс е тимот кој стои зад ова ремек дело. Алан Бекер е одличен аниматор, главно познат по старите оригинални анимации „Animator vs Animation” кои рушеа рекорди на прегледи во првите години на YouTube.

ИВАНА

Во денешно време не е лесно да се привлече вниманието на купувачот. Некои брендови дефинитивно ова го имаат одлично разбрано, и не се плашат да одат чекор подалеку за да го постигнат тоа. Одличен пример за ова е последната кампања на Maybelline. За промоција на нивната најнова sky high маскара Maybelline го украси предниот дел на селектирани метро возови и автобуси во Лондон со огромни трепки, на кои беше „нанесена“ маскара со огромни реплики од нивната најнова маскара четкичка кои беа поставени на различни фреквентни локации низ градот.

@maybelline

📣 All aboard the Sky High Mascara Express ✨🚄 After hitting the NYC Streets, we’re taking over London💂🇬🇧 We are on the move with #SkyHighMascara elevating your lash game to new heights🌤️ 🌇 it’s guaranteed to serve limitless lash length 📏 and full volume😍 #Maybelline

♬ original sound – Maybelline New York

БОРИС

Storytelling 101! Те купува во првите неколку секунди, те држи заинтересиран и кога мислиш дека знаеш што ќе се случи, добиваш суптилен, но совршен спин како крај на приказната. Ретко гледам реклама два пати, но оваа некако ми остана драга. Исто така, втор месец по ред одбирам кампања поврзана со храна. Следен пат мора да бирам најаден.😊

САЊА

За да создаде buzz околу актуелната летна распродажба, Gymshark се пошегува со своите потенцијални купувачи со тоа што донесе лажни, односно преправени славни ликови во нивната продавница на Regent Street во Лондон. Не само што се направи галама, туку и голем метеж во и околу продавницата. Бројот на посетители во продавницата ги надмина очекуваните бројки, името на Gymshark кружеше низ мрежите, и се креираше еден тон user generated content. „Шегата“ им беше полн погодок!

@gymshark

Pranking our London store with celebrity lookalikes… 👀 #meme #prank #lookalike #Gymshark

♬ GASLIGHT – INJI

Се читаме следен месец 👋