drag the shapes & find balance

Дизајнот како маркетинг алатка

by Мила Пеникин

Почнувајќи од лого па до веб-сајт, пакување на производи и креативи за видео, социјални мрежи или принт реклами…Квалитетниот дизајн е пола успешно раскажана приказна. Ова се само неколку сегменти кои морате да ги опфатите доколку сакате да креирате препознатлива слика за вашиот бренд.

Уникатен визуелен идентитет

Добро изградениот визуелен идентитет на вашиот бренд обезбедува визуелна репрезентација за вашите вредности, карактерот на вашиот бренд и производ. Добро дизајнирано лого останува полесно во меморијата на публиката, подобро и поефективно ги пренесува промотивните пораки и го олеснува процесот на препознавање на вашиот бренд доколку тој е нов на пазараот. Добро развиениот визуелен идентитет ќе ве издвои од толпата, ќе го направи вашиот уникатен визуелен израз и ќе ви помогне да го привлечете вниманието на посакуваната публика.

Конзистентност на долг рок

Не е доволно само да го креирате вашиот визуелен идентитет, неопходно е и да го применувате на долг рок. Тоа значи, усогласување на комплетната визуелна комуникација – од лого на тефтери и меморандуми, до креативи на билборди, плакати или социјални мрежи. Препознатливите бои, фонтови, лого ќе го направат помнењето на вашиот бренд на долг рок многу полесно, а со тоа ќе стане и многу попрепознатлив. Ако ви кажеме црвената боја и белиот бран на Coca Cola, веќе пред очи ја имате точната слика, нели? Истото може да се изработи и за вашиот бренд.

Квалитетно корисничко искуство

Од начинот на тоа кaко продуктите се спакувани па сè до добар layout на вашиот веб-сајт, целта на дизајнот е покрај тоа што ќе го презентира на најдобриот можен начин вашиот бренд, да го подобри и целосното искуство на публиката во интеракцаијата со него. Иновативно пакување, брз и нестандарден сајт, интересни Reels креативи, секој еден дел од приказната на вашиот бренд треба да е усогласен и да го нуди истото врвно искуство, да ја буди истата емоција.

Ве интересираат уште причини или сакате заеднички да продискутираме на оваа тема? Контактирајте нè веднаш 🙂