drag the shapes & find balance
Инфлуенсер маркетинг

Инстаграм тури за Програмата за зачувување на природата

Во рамки на Програмата за зачувување на природата и проектот „Со грижа до бериќет“, од 2017 година организиравме шест инфлуенсерски тури низ Брегалничкиот регион, со посети на повеќе од десет локации и создавање содржина што ја доближи природата, храната и локалните приказни до пошироката публика.

Еден од настаните кој направи навистина големо влијание во промовирање на регионот беше инста турата која започна во 2017 година, а потоа ја организиравме секоја пролет во текот на траење на проектот. 

Во текот на шест реализирани тури, фокусот беше ставен на создавање вистинско доживување и искуство за учесниците, што тие спонтано го споделуваа за време на патувањето и по неговото завршување.
Инфлуенсерите не само што откриваа нови места, туку градеа и меѓусебни врски, што дополнително ја засили автентичноста на комуникацијата.

Како продолжение на турите, реализиравме и Instagram takeover, преку кој самите учесници го преземаа управувањето со профилот и директно комуницираа со публиката.
Овој пристап придонесе за силно чувство на заедница и природен (organic) интерес кон регионот.

Инста турите прераснаа во вистински пример за градење заедница преку дигитално раскажување, оставајќи траен ефект врз видливоста и перцепцијата на Брегалничкиот регион.

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.