За Synergy Vitamins, бренд за додатоци во исхраната, направивме нов дизајн на пакувања за целата линија производи за албанскиот пазар. Потоа истите пакувања ги адаптиравме за американскиот пазар, каде брендот излезе под името Synevit, со лого што го дизајниравме ние. Направивме и видео анимација за брендот и слики на пакувањата за веб.
Предизвик
Линијата има повеќе од 20 производи, секој со своја формула, декларација и правила за означување. На полицата во аптека треба да се препознаат како една линија, а купувачот за миг да го најде својот производ. Притоа работевме за два пазари, на два јазика и според различни прописи.
Одлука
Секој производ доби своја боја и свој визуелен мотив, а распоредот, типографијата и иконите се исти за целата линија. Така пакувањата стојат заедно како фамилија, а секое се разликува на прв поглед. Истиот систем го пренесовме и во САД, со новото лого Synevit и Supplement Facts според американските правила.
Албански пазар
Заеднички распоред и типографија, а боја и мотив за секоја формула.

Скролај десно за повеќе →








Што направивме
Американски пазар
Пакувањата адаптирани за САД, со новото лого и Supplement Facts.
Скролај десно за повеќе →


Лого и пакувања за САД
Логото го дизајниравме ние. Пакувањата се подготвени за печат според американските правила за означување.
Скролај десно за повеќе →




Леток
Предна и задна страна, со преглед на целата линија производи.
Скролај десно за повеќе →


Ви треба пакување за вашите производи? Закажете разговор