drag the shapes & find balance
Брендинг и кампањи

Launch кампања за нов бренд за топлинска енергија

Енергџи Еколинк е новото име на компанијата која носи топлинска енергија во населбите Бутел и Чаир во Скопје. Интегрираната кампања имаше за цел да го лансира брендот на пазарот, да создаде препознатливост и позитивен имиџ, да ја засили довербата кај граѓаните со што ќе се постават темели за долгорочен раст на бројот на корисници.

За лансирањето беше развиена таргетирана интегрирана комуникациска стратегија со фокус на жителите на Чаир и Бутел. Со внимателно одбран тон и канали, креиравме пораки кои се релевантни за локалната заедница и директно се поврзуваат со нивните потреби.

Во рамки на стратегијата беше предложено, а потоа и спроведено интегрирано маркетинг присуство преку повеќе канали:

  • Надворешно огласување преку билборди, автобуси и ЛЕД дисплеи кои ја истакнаа новата енергија низ градот.
  • Facebook и Instagram кампања со содржини и реклами релевантни за локалната публика.
  • Радио реклама, флаери и постери кои ја проширија пораката до пошироката јавност.
  • Брендирање на настани – roll-up банери и банери за јавни настани.
  • Отворен ден со граѓаните, како симбол на отвореност и директен дијалог.

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.