drag the shapes & find balance
Брендинг и кампањи

100 години Пивара Скопје

За 100-годишнината на Пивара Скопје, СКОПСКО ги покани луѓето да ги споделат своите приказни со пивото. За еден месец: над 100 приказни и 17.620 интеракции на Facebook и Instagram.

Предизвик
Јубилејот беше на компанијата, но кампањата требаше да ја почувствуваат и потрошувачите, наместо да биде уште една честитка од брендот до самиот себе.

Одлука
Ја поставивме кампањата на една вистина: секој има приказна со СКОПСКО. (Shift+Enter)
„Најдобрите приказни ги создаваме заедно!“

Капачињата, мапата и веб-страницата работеа заедно: првите две ги потсетуваа луѓето на заедничките моменти, третата ги собираше нивните.

Што направивме

  • прилагодување на етикетата на СКОПСКО за јубилејот
  • лимитирана серија капачиња, секое со по еден момент од изминатите 100 години
  • печатена мапа за собирање на капачињата
  • веб-страница dobrodrushtvo.mk, каде луѓето ги објавуваа своите приказни
  • содржина и водење на социјалните мрежи
  • плакати и флаери
  • брендирање во маркети и супермаркети

Резултати за еден месец

  • 100+ приказни на dobrodrushtvo.mk
  • 17.620 интеракции на Facebook и Instagram

Капачиња · лимитирана серија

100 години во едно капаче

Секое капаче носеше по еден момент: спорт, музика, традиција, земјоделство, самата пивара.

Лимитирана серија капачиња на СКОПСКО за 100 години Пивара Скопје, секое со различен мотив

Мапа, плакат и социјални мрежи

Најдобрите приказни ги создаваме заедно

Мапата ги собираше капачињата, а објавите ги раскажуваа приказните на луѓето.

Печатена мапа на СКОПСКО за собирање на јубилејните капачиња
Објава за 100 години Пивара Скопје: „Партнери засекогаш“
Објава на СКОПСКО: рака пишува „Најдобрите приказни ги создаваме заедно“
Објава со лична приказна од фан на СКОПСКО
Објава со приказна за пријателство и СКОПСКО, со полароид фотографија
Објава со приказна од 2015 година и СКОПСКО, со полароид фотографија

Сакате кампања во која учествува публиката? Контактирај нѐ.