Додека ние се чудиме кога заврши летото, веќе поминал и септември и време е за нови monthly picks!😳
Ѕирнете кои кампањи ни оставија впечаток изминатиот месец. 👇
Малку доцнам со оваа кампања (требаше да биде дел од блогот во август), но дефинитивно вреди да се сподели и погледне. Во својата најнова кампања KFC заземаат нова перспектива кон нивниот добро познатиот слоган „Finger Lickin’ Good“, овојпат од позиција на приборот за јадење. 😊 Покрај тоа што целата кампања е продукциски одлично изведена, она што најмногу ми се допаѓа е што визуелното не е на товар на добар storytelling (што често се случува со голем број кампањи во последно време) и што на крајот од рекламата и вистински ти се пријадува.
Најновиот ТикТок феномен, „Tube Girl“ (девојката од метрото) го освои светот за само неколку дена. Интересното тука е што многу брендови веќе беа подготвени за тоа. Само неколку денови по првите вирални видеа, можеме да ја видиме Tube Girl – Сабрина Бахсун како промовира MAC кармини, прави Спотифај плејлисти и доминира на пистата на Миланската модна недела рамо до рамо со некои од најпознатите светски модели. Ова е само мал потсетник дека моќта на ТикТок расте со неверојатна брзина, како и дека брзата реакција за рекламирање во реално време, денес е веќе прашање на секунди.
Таман ќе помислиш дека на летните кампањи им дојде крајот, Pepsi со привршувањето на летото остави простор за една последна, епска летна кампања под името “The Street Is Full of Surprises”. Видеото е снимено во Александрија и во текот на рекламата, можете да ги видите прекрасните предели на градот и најдобрата ориентална храна. Pepsi соработуваше со познатите фудбалери Дејан Ловрен и египетскиот крал Мо Салах. Целта на рекламата е да се промовира новото издание на Pepsi, Extra Fizz. За кратко време, видеото доби милионски прегледи на YouTube и секако големи пофалби до Салах, Ловрен, брендот и идејата на рекламата. Со сигурност можам да кажам дека Pepsi може да биде крунисан како еден од најдобрите брендови за лансирање на креативни кампањи.
Тешко е да се улови фокусот на публиката, да се биде оригинален и впечатлив во исто време, но L’Oréal Paris успеа во својата последна кампања за својот нов течен кармин. Кога веќе лансираат нов кармин кој треба да ви помогне да оставите впечаток, тогаш и кампањата за негова најава треба да го направи истото, така? 🙂 Најавното видео за новиот кармин дефинитивно остави впечаток и за два дена достигна 3.5 милиони прегледи (сега бројот е удвоен). Според L’Oréal, формулата на карминот е дизајнирана да трае до 16 час, да не се размачкува, ниту пренесува, а споделеното видео е одличен начин да се потенцираат овие карактеристики. Иако немам реален интерес за карминот, видеото успеа да ми го привлече вниманието да прочепкам и разберам за што станува збор и според мене супер оригинален начин за лансирање на нов производ.
Погледнете го видеото тука: https://www.instagram.com/reel/CwxHjNrIZS3/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3108033d-94e4-4368-a474-ba32c457015a
Доколку ги пропуштивте нашите претходни monthly picks, можете да ги најдете тука, a ние се читаме повторно следниот месец. 🙂