drag the shapes & find balance
Интегрирана кампања

Комплетно ребрендирање на Amstel на македонскиот пазар

Ни беше огромно задоволство и истовремено предизвик да работиме на комплетно ребрендирање на Amstel на македонскиот пазар. Следејќи ги корпоративните насоки на Amstel беше потребно да се направи целосен редизајн на амбалажата на Amstel, а потоа и кампања за промовирање на новиот изглед на брендот.

По успешно креираниот нов изглед, развивме и кампања во која го презентиравме редизајнот на пошироката јавност. Во склоп на кампањата ја направивме првата локално продуцирана видео реклама за Amstel во Македонија на која сме особено горди.

Целта на видеото беше да се прикаже новиот дизајн на етикетата од секој можен агол, без тоа да изгледа премногу нападно и досадно за публиката, а истовремено и да се задржи високото нивно на квалитет на продукција на кое публиката е навикната кај Amstel. Среќни сме што резултатите потврдуваат дека сме успеале и во двете.

Носечката кратива и порака за кампањата се фокусираа на новиот изглед на брендот и важната информација дека вкусот и квалитетот на пивото не се променети.

НОВ ИЗГЛЕД.
ИСТИОТ, ВРВЕН ВКУС!

Комплетно ребрендирање на Amstel

За комплетно ребрендирање на Amstel на македонскиот пазар беа вклучени следните активности:

  • дизајн на етикета за стаклено шише
  • дизајн на лименка
  • концепт и продукција на видео спот за Amstel во Македонија
  • медиjа планирање и закуп за дигитални медиуми
  • креирање на содржина и водење на социјални мрежи
  • дизајн и изработка на плакати и флаери
  • брендирање на супермаркети и маркети – продукција на хенгери, воблери, картолини, полици итн.
  • брендирање на локали, кафулиња, ресторани – постери, table tents, подметачи, отворачи итн.

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.