drag the shapes & find balance
Интегрирана кампања

Кампања за претставување на нови LADNA функционални води

Ladna воведе нови функционални води за кои изработивме интегрирана кампања со цел запознавање на пошироката јавност за постоењето на новите Ladna Anti-Aging и Ladna Immunity.

Креативниот концепт на кампањата и носечката порака не’ потсети дека сите ние имаме внатрешна сила да ги надминеме животните предизвици, без разлика дали се мали и секојдневни, или пак големи и значајни промени. LADNA не’ охрабрува да бидеме подобри и да не се откажуваме.

Докажи си дека можеш,
креирај ја својата приказна.

Во кампањата беа вклучени следните активности:

  • Изработка на концепт и продукција на видео спот
  • Изработка на конепт и продукција на анимирани видеа
  • Продукција на фотосесија
  • Комплетен медиа закуп за традиционални и онлајн медиуми
  • Водење на социјални мрежи за време на кампањата (продукција и менаџирање)
  • Организација на семплинг промоции
  • PR текстови во онлајн медиуми
  • Дизајн и изработка на промо материјали – веб банери, флаери, торби, маички итн.
  • Активација на инфлуенсери