drag the shapes & find balance
Интегрирана кампања

Кампања за борба против семејно насилство

Креирањето на комуникациски концепт за кампања која се обраќа на жените кои се жртви на семејното насилство и ги повикува да се обратат за бесплатна психо-социјална и правна помош беше предизвик, бидејќи станува збор за чувствителна тема која често не се пријавува поради стравот на жртвите од стигматизација и недостаток на поддршка од блиските и општеството.

campaign key visual

Основната цел беше да креираме порака која ќе сочувствува и ќе се обраќа со почит кон искуствата на жртвите. Носечкиот слоган на кампањата ТУКА СМЕ ЗА ТЕБЕ, како и целосниот пристап и спроведени активности им укажуваа на жртвите дека не се сами, дека постои поддршка и излез од ситуацијата на семејно насилство.

“Не прикривај. Пред другите…
И пред себе.
Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина.
Тука сме за тебе“

Во кампањата беа вклучени следните активности:

  • Изработка на концепт и продукција на видео спот
  • Изработка и менаџмент на веб сајт www.tukasmezatebe.mk
  • Изработка и закуп на билборди низ Македонија
  • Водење на социјални мрежи за време на кампањата (продукција и менаџирање)
  • Организација на едукативни, отворени настани низ Македонија
  • Ангажман на инфлуенсери
  • Организација на телевизиски интервјуа на претставници на организациите кои се борат со оваа проблематика
  • Дизајн, изработка и делење на промо материјали – тефтери, флаери, торби, пенкала, флаери во кошнички во супер маркети итн.

kvinna campaign billboard

Kvinna events