drag the shapes & find balance
Видео продукција

Првата локално продуцирана видео реклама за AMSTEL во Македонија

Ни беше огромно задоволство и истовремено предизвик да работиме на комплетното ребрендирање на Amstel на македонскиот пазар. По успешно креираниот нов изглед, развивме и кампања во која го презентиравме редизајнот на пошироката јавност. Во склоп на кампањата ја направивме првата локално продуцирана видео реклама за Amstel во Македонија на која сме особено горди.

Целта на видеото беше да се прикаже новиот дизајн на етикетата од секој можен агол, без тоа да изгледа премногу нападно и досадно за публиката, а истовремено и да се задржи високото нивно на квалитет на продукција на кое публиката е навикната кај Amstel. Среќни сме што резултатите потврдуваат дека сме успеале и во двете 🙂