drag the shapes & find balance
Интегрирана кампања

100 години Пивара Скопје

Развиваме интегрирана камапања со која најголемиот и најстар пивски бренд СКОПСКО ја одбележува 100-годишнината на Пивара Скопје.

Носечката идеја за кампњата беше дека сите имаме приказна поврзана со Пивара Скопје и СКОПСКО.
Во изниматите 100 години заеднички споделивме многу значајни моменти вредни за паметење, без разлика дали тоа се национални спортски достигнувања, незаборавни музички изведби, културни достигнувања или мали, но толку важни, лични настани.

Кампањата имаше за цел да ги собере тие моменти и да создаде спомен кој ќе трае вечно.

Во кампањата беа вклучени следните активности:

  • Приспособување на дизајнот на етикетата на СКОПСКО
  • Дизајн на лимитирана едиција од 6 различни капачиња за СКОПСКО
  • Креирање на дедицирана веб-страница каде фановите ги објавуваа своите приказни поврзани со Пивара Скопје и СКОПСКО.
  • Креирање на содржина и водење на социјални мрежи
  • Дизајн и изработка на плакати и флаери
  • Брендирање на супермаркети и маркети

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.