drag the shapes & find balance
Дигитална кампања

Празнична кампања за Ladna

Празничните кампањи се можеби едни од најомилените во сите маркетинг агенции, па така и кај нас. Празничниот период е само по себе инспиративен и на брендовите и на нас агенциите ни дава многу повеќе простор за раскажување на приказни и поврзување со публиката на подлабоко, емотивно ниво.

Една од празничните кампањи која ни е особено драга е кампањата „Значајни разговори“ која ја изработивме за Ladna.

Кампањата се состоеше од серија на прашања и теми на дискусија, кои во форма на дизајнирани објави беа споделувани на социјалните мрежи на Ladna во текот на 1 месец. Имајќи за цел да ја поттикне публиката да дискутира и целосно да се посвети на квалитетно поминато време со саканите, кампањата ги направи страниците на Ladna онлајн локации исполнети со позитива, пораки полни со многу љубов и разбирање.


Со 220% пораст на посети на профилите, 150% пораст на интеракции на Instagram, 440% пораст на интеракции на Facebook и над 9000 коментари и позитивни реакции, Ladna докажа дека пријателскиот пристап и отворениот разговор со публиката се она што ги прави вистинските врски помеѓу брендовите и публиката.

Дел од прашањата кои и ги поставивме на публиката:

Дел од одговорите и коментарите од публиката:

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.