drag the shapes & find balance
Интегрирана кампања

Претставување на ново стаклено пакување на Ladna

Во 2023 Магрони го претставија и лансираа своето ново стаклено пакување за брендот изворска вода Ladna. Нашата задача беше да ја запознаеме пошироката јавност со новото пакување и неговата достапност во угостителските објекти.

И овој пат  го следевме концептот на storytelling со цел да креираме емотивна конекција со публиката преку прикажување на ситуации и прилики за консумација во кои публиката може да се препознае.

Кафе дружба, семеен ручек, романтичен состанок, голема прослава, состанок или тивок разговорсамо со најблиските…Кога размислувавме каде и во кои прилики се консумира Ladnа, одговорот беше едноставен…

Ladna e дел од секоја добра приказна.

Во кампањата за претставување на новото стаклено пакување на Ladna беа вклучени следните активности:

  • Изработка на концепт и продукција на фотосесија
  • Изработка на концепт и продукција на видео реклама
  • Комплетен медиа закуп за традиционални и онлајн медиуми
  • Водење на социјални мрежи за време на кампањата (продукција и менаџирање)
  • PR текстови во онлајн медиуми
  • Дизајн и изработка на промо материјали – веб банери, флаери, table tents, подметачи за храна и пијалак
  • Активација на инфлуенсери.
ново стаклено пакување

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.