drag the shapes & find balance
BTL промоции

Летни промоции за Skopsko Radler

Традиционално, за време на летните месеци нашиот клиент Пивара Скопје ја лансираше својата кампања за Skopsko Radler. Покрај АТЛ кампањата која се спроведуваше под слоганот „Двојно освежување, двојно уживање“, нашата задача беше дополнителна разработка на кампањата во делот на BTL летни промоции во HoReCa и продажни објекти.

Тргнувајќи од идејата дека летото e за забава и уживање, главната цел на промоциите ни беше по пат на sampling и игра да поттикнеме поголема интеракција и вклученост на купувачите во промоциите.

Во текот на летниот период организиравме 14 промоции во Скопје, Охрид, Струмица, Битола и Тетово.

Купувачите во HoReCa и продажни објекти имаа можност да го дегустираат Skopsko Radler и да играат различни игри со цел да освојат награди. 

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.