drag the shapes & find balance
Активација со инфлуенсери

Инстаграм тури за Програмата за зачувување на природата

Во склоп на Програмата за зачувување на природата и проектот „Со грижа до бериќет“ активно работевме на промовирање на Брегалничкиот регион преку комуницирање со нашата целна група на социјалните медиуми, блогот и веб сајтот наменети за овој проект.

Еден од настаните кој направи навистина голем импакт во промовирање на регионот беше инста турата која започна во 2017 година а потоа ја организиравме секоја пролет во текот на траење на проектот. Турите вклучуваа канење на инфлуенсери и заедничка посета на повеќе од 10 локации во регионот. Уживавме во убавините кои тие ни ги пружаат, во вкусната храна, во интересните приказни на локалците, создавајќи содржина која ја мотивира публиката да дознае повеќе и да го посети овој регион.