drag the shapes & find balance
Настани

Завршен настан за Програмата за зачувување на природата

Особено сме горди и среќни што 8 години бевме дел од прекрасната и значајна приказна Со грижа до бериќет на Програмата за зачувување на природата.

Уште поголемо задоволство ни беше да го организираме и завршниот настан кој се одржа на 25 јануари 2024 во Македонската опера и балет каде беа претставени најзначајните резултати постигнати со проектот.

На настанот присуствуваа голем број претставници на дипломатските претставништва, меѓународни организации, национални и локални институции од државата, како и локалните чинители кои беа директно вклучни во активностите на Програмата. Тие имаа можност да ги проследат постигнувањата на Програмата, преку креативни и мултимедијални алатки, како и да ги слушнат искуствата од локалните чинители кои беа директно вклучени во реализација на активностите. 

Како дел од настанот беше презентирано и видео кое ги синтетизира различните компоненти од Програмата.

Ти се допаѓа нашата работа? Контактирај нѐ.