drag the shapes & find balance

Monthly picks (August edition)

Месецот „традиционално“ го завршуваме со мала ретроспектива на кампањите кои ни оставија впечаток овој месец.

Се надеваме дека ќе ви се допаднат и вас 🙂

Марко:

Рекламата на Audible остава впечаток на прво гледање. Не станува збор за нешто револуционерно, станува збор за стариот добар концепт на добро спакувани реклами кои за жал ги има се помалку. Како што е редот победата доаѓа на самиот крај. Доколку уживате во британски тип на хумор ова е токму тоа. Режисерот не држи во неизвесност 25 секунди, за во последните 5 да ни ја открие победата. Уживав во контрастот на сцените, на чудната енергија и тоа што цело време рекламата те „голицка“ да размислуваш зошто се смее девојката. Добар показател дека на 50 метра квадратни, без 100 локации, со добра идеја може да се направи добра реклама.

Ива:

Мојот фаворит за август е оваа едноставна, но многу ефектна outdoor кампања на ALDI. Секогаш сакам нестандарден пристап на пазари во кои има некои непишани правила и воспоставени редовни начини на комуникација, па баш затоа ми се допадна овој пример кој покажува дека огласите за вработување не мораат да бидат еднолични и досадни.

Супер копирајт, одлично врзан со креативата – решение кое вреди да се споделува, поттикнува интерес и за кое сигурно ќе се зборува.😊

Димитар:

Hyundai Motor Company има возбудливи вести за фудбалските ентузијасти ширум светот со тоа што го објави лансирањето на својата проширена глобална кампања „Цел на векот“ (GOTC). Оваа кампања се совпаѓа со Светскиот куп на FIFA за жени во Австралија и Нов Зеланд кој се одржува јули и август оваа година и се работи за славење на извонредното патување на женскиот фудбал и промовирање на инклузивност на и надвор од теренот.

Целта на кампањата? Да се спои богатата историја на женскиот фудбал со визијата на Hyundai за поддршка на Светскиот куп за жени. Главната порака гласи „See how far we’ve come, a рекламата според мене е навистина извонредна. Почит за сите оние кои одиграле улога во историјата на женскиот фудбал, вклучувајќи го и Hyundai кој е жесток поддржувач на играта уште од 1999 година.

Сања:

Без разлика дали сте на детска претстава, шетате во парк, го чекате својот термин на ветеринар, или пак сте на дејт, можете паралелно и да пазарите. Онлајн маркетот/платформата Ocado во својата најнова кампања на хумористичен начин прикажува како на неочекуван и индиректен начин им текнува на луѓето кога да си ја направат својата онлајн нарачка или да ја дополнат својата онлајн кошничка

Ocado всушност на интересен начин потенцира на завршување на една од нашите најглавни задачи, пазарењето, со леснотија, во која било ситуација. Кампањата е насловена „Inspired Choices“ и не само што ќе ве насмее, туку можеби и ќе се препознаете во неа или ќе се инспирирате да си направите нарачка.

Ако ги пропуштивте претходните изданија од овој серијал, погледнете ги тука.