Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

Vip: online натпревар „Нека трепка“

Клиент: Vip
Година: 2018

Организиравме онлајн предизвик со младиот актер, Петар Петковски, добропознат на публиката благодарение на неговата улога како влогер во популарната серија „Фамилија Марковски“.

Петар се обрати на публиката преку два влога (тизер видео и објавување на предизвикот), кои беа објавени на социјалните мрежи. Главна награда на натпреварот беше iPhone X, па од таа причина и целиот видео материјал кој беше користен за видеата беше снимен со телефонот.

Предизвикот беше, надоврзување на веќе постоечката кампања „Нека трепка“, а на фановите им беше оставена целосна слобода да споделат видео, гиф или бумеранг на таа тема.

1.100+ добиени видеа

700.000+ прегледи на социјалните мрежи

1.000.000+ Reach

6.600+ реакции, коментари и споделувања

08/01/2019

Leave a reply