Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

Vip: Ноќна смена

Клиент: Vip
Година: 2018

Видеа

Vip Spirit тарифата на Vip им овозможува на младите бесплатно сурфање од полноќ до сабајле, па за одбележување на стартот на кампањата „Сурфај бесплатно во трета смена“ направивме две видеа кои се објавуваа на полноќ, каде што двајца вработени на Vip го означуваа стартот на бесплатното сурфање. Видеата беа снимани во празните канцеларии на Vip навечер за целиот амбиент да даде комплетна автентичност на понудата.

Евент за инфлуенсери

Бидејќи понудата се однесуваше за млади од 18 до 26 години, поканивме 10 млади инфунсери на приватна забава и истите преку своите објави беа првите кои ја најавија понудата пред јавноста. На овој начин Vip го одбегна класичното презентирање на новите понуди преку прес и ПР текстови и допре до младата публика преку оние кои тие секојдневно ги следат. Секој од инфлуенсерите на евентот доби персонализирани подароци.

09/01/2019

Leave a reply