Година: 2018
Клиент: Vip
Многу сме среќни секогаш кога клиент ќе ни дозволи да развиеме барем малку похрабра кампања од оние што сме навикнати да ги гледаме на пазарот. Крајот на годината со Vip го одбележавме со „Community awards“.
Во соработка со влогерската екипа Дебелиот Крај, му дадовме комичен пристап на целото гласање. Тие ја направија песната TAY TELEFON чиј текст беше создаден комплетно од коментари од Facebook страницата на Vip, собрани од целата измината година. Како најава на гласањето снимивме и видео спот во соработка со КАТ продукција, во кој Дебелиот Крај повикаа на гласање во следните пет категории:
- Најсмешна печатна грешка
- Најинтересен коментар за Славчо
- Најхејтерски коментар за Vip
- Најинтересна Instagram објава
- Најдобра пофалба за Vip
Победниците во секоја категорија добија Huawei Mate 20 lite, а двете видеа (повикот и прогласувањето на победници) собраа 750.000 прегледи на Facebook, Twitter и Instagram.
Како звучеше сето тоа можете да погледнете во видеата.