Petar Pop Arsov No. 8 1/5 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

Skopje City Mall: Кампања за денот на жената

Клиент: Skopje City Mall

Година: 2021

 

Заедно со најголемиот трговски центар Skopje City Mall реализиравме кампања по повод 8 Март – Денот на жената, која траеше 7 дена и имаше за цел да ги направи жените среќни, задоволни и горди на себеси.

„Изгледаш прекрасно денес!“, „Насмевни се, денов ќе биде супер“, „Ти можеш сѐ што ќе посакаш“ се само дел од пораките кои се појавија на билборди низ цело Скопје. Пораките беа поставени со цел да ги насмевнат и орасположат пред сѐ случајните минувачи, а истите беа и најава за одличен празничен шопинг во молот.
Како главна активност беше изработката на  видео, во кое на дамите им беа поделени комплименти кои предизвикаа насмевка и им го разубавија денот.

Во кампањатаа беа вклучени и инфлуенсери, PR соопштенија, комплетно брендирање на трговскиот, банери на релевантни македонски портали и секако мини подароци за случајните минувачи во молот.

Грижата и вниманието на Skopje City Mall за дамите е секој ден, но тоа особено го покажавме со активностите за неделата на жената.

21/05/2021

Leave a reply