Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

Млади правници: Кажи стоп

Клиент: Млади Правници

Година: 2019

Заедно со „Млади правници“ развивме комуникациска кампања за проектот „Поблиску отколку што мислиш“ подржан од USAID чија цел беше едукација и подигање на свеста на граѓаните за трговијата со луѓе. За потребите на кампањата беа отворени Фејсбук и Инстаграм профили, а за дополнителна едукација и за подобар и полесен пристап до информации го направивме и сајтот www.kazistop.mk кој е достапен на македонски и албански јазик.

Кампањата започна на меѓународниот ден на борбата против трговијата со луѓе (30 јули) со PR кампања и билборд кој имаше различна дневна и ноќна приказна. Во кампањата беа вклучени и инфлуенсери кои на своите профили го кренаа гласот во борбата против трговијата со луѓе, a дополнително направивме и фотосесија чија цел беше да прикаже спротивна реалност од секојдневни ситуации.

За заокружување на кампањата, снимивме видео со Амбасадорката на САД, Кејт Брнс која испрати повик за приклучување на сите во борбата против трговија со луѓе.

17/01/2020

Leave a reply