Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

Гранап: Содржина за социјални медиуми

Клиент: Гранап

Година: 2015 – денес

Кога „Гранап“ се појави на пазарот во 2015 година, конкуренцијата веќе беше стабилно позиционирана. Потребен ни беше нов и свеж стил на комуникација, кој требаше да го издвои брендот од далеку помоќната конкуренција и која ќе го поставеше Гранап како иновативна, поинаква и емпатична компанија.

За кратко време успеавме да создадеме комуникациска платформа на која многу брзо собравме лојална публика која почна секојдневно да комуницира со брендот. Ова го постигнавме преку детално анализирање и разбирање на приказната врз која беше изградена компанијата и постојано додавање на дополнителна вредност преку целата комуникација на Фејсбук и Инстаграм.

Страницата на Гранап на Фејсбук многу брзо прерасна во место каде посетителите можат да евоцираат спомени од периодот пред и по катастрофалниот земјотрес во Скопје, да дознаат повеќе за локалните и маалските традиции, да научат повеќе за познати градби, ресторани и дискотеки кои повеќе не постојат и да се потсетат на голем број мали секојдневни ситуации и работи од минатото кои ги заборавиле низ годините.

Промотивните постови, поврзани со продуктите кои можат да се купат во маркетот, беа оставени како секундарна комуникација и се објавуваа ретко. На овој начин публиката лесно се поврза со брендот, благодарение на квалитетната и уникатна содржина која не беше директно врзана со главната дејност на бизнисот, туку со заднинската приказна врз која се темели компанијата.

Во последната година, страницата просечно остварува стапка на интеракции од 14,7% од просечно опфатени 90.000 уникатни посетители месечно. Месечно се објавуваат од 10 до 15 постови, кои вкупно добиваат над 5.000 лајкови во просек.

24/02/2020

Leave a reply