Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

Браво кафе: Интернационален ден на кафето 2020 – Instagram активација

Инстаграм активација по повод Меѓународен ден на кафето
Клиент: Bravo Caffe

Година: 2020

Меѓународната организација за кафе го одбележува 01 Октомври како ден на кафето веќе неколку години по ред.
Во таа чест и оваа година, традиционално, подготвивме Инстаграм активација за одбележување на истиот кај најпознатиот производител во Македонија – Браво кафе.

Активацијата беше спроведена преку 20 претходно одбрани инстаграмџии и љубители на кафе на кои им поделивме брендирани торби (tote bags) со илустративен приказ на кафе-муабет.
Подарокот покрај промотивните производи, кафе и филџани вклучуваше и специјални маркери за цртање и боење на платно со можност за перење.

Кампањата ја спроведовме точно на 01 Октомври. Реакциите за подароците беа навистина позитивни. Секој добитник сподели во просек 3 Инста Стори објави со своите креативни персонализирани торби.

Поради големиот интерес, преку мини натпревари, во продолжение на месец октомври беа доделени уште неколку персонализирани торби.

Остварени резултати:

  • Вкупен број на Insta Story mentions: 60 објави во рок од 24 часа.
  • Вкупен број на пораки: 100 пораки
  • Вкупен број на нови следачи: 1000
20/11/2020

Leave a reply