Клиент: Браво Кафе
Година: 2018
За да го одбележиме Светскиот ден на кафето, заедно со нашиот клиент Браво Кафе одлучивме во 2018 година да изненадиме триесетина Instagram и Twitter пријатели, вистински љубители на кафето, со мало пакетче со персонализирани подароци.
Преку споделување на фотографии од страна на инфлуенсерите Браво Кафе дојде до голем број на органски објави кои стигнаа до значаен број на интернет корисници и со тоа Браво си ја зацврсти својата позиција како водечки кафе бренд во Mакедонија и единствен бренд кој што го одбележа овој ден.