Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

A1: World of music активации на настан

Клиент: А1

Година: 2019

Ребрендирањето на компанијата финишираше со голем концерт пред платото на А1 Арена на кој настапија електро-поп иконата Róisín Murphy, DJ Alle Farben, Каролина со Македонска филхармонија, Влатко Лозаноски и бендот Funk Shui.

На настанот присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе, а како дел од дополнителните активности за сите посетители креиравме веб-апликацијата „A1 World of Music“ и фото корнер „Секој твој свет“.

Квиз-апликацијата „A1 World of Music“ на секои 30 минути во текот на целата вечер даваше известување за ново наградно прашање поврзано со изведувачите на сцената. Во квизот се приклучија околу 1.500 посетители, а за најдобрите А1 додели Iphone X, Samsung Galaxy Note 10 Silver, 3 електрични тротинети Mi Xiaomi, како и 10 смартфони А1 Аlpha. Дополнително на апликацијата постојано можеше да се провери агендата на концертот, како и да се следи live галерија од сите што споделуваа под хаштагот #a1worldofmusic.

Фото корнерот „Секој твој свет“ го искористија повеќе од 300 луѓе, а се направија повеќе од 100 фотографии. Секој посетител кој се фотографираше добиваше уникатна фото-монтажа на позадина која го прикажува „неговиот свет“. Сите посетители ги добиваа фотографиите онлајн за да можат да ги споделат на социјалните мрежи.

13/01/2020

Leave a reply