Bul. Partizanski Odredi 43а 1000 Skopje, Macedonia
+389026152900

A1: Активација на Game Fest

Клиент: А1

Година: 2019

За време на најголемиот гејмерски настан во нашата држава А1 Game Fest 2019, реализиравме супер активација за сите присутни во Cineplexx на 14 и 15 декември.

За анимирање и наградување на присутните, креиравме онлајн квиз-апликација каде што посетителите на настанот имаа прилика да го покажат своето гејмерско знаење и да се изборат за некоја од наградите. Онлајн квизот редоследно им даваше по 10 прашања на сите кои се регистрирале за учество, а апликацијата овозможуваше во секое време да ја провериш твојата моментална позиција на табелата. Дополнително на апликацијата постојано можеше да се провери агендата на дводневниот настан, како и да се следи live галерија од сите што споделуваа под хаштагот #a1gamefest.

Квизот се одржуваше два пати дневно (4 пати за време на целиот настан), а учество земаа повеќе од 800 учесници. Првонаградените на квизовите добиваа смартфон А1 Alpha, а беа доделени беа и 4 ласерски тастатури и 4 Sony Wireless слушалки.

13/01/2020

Leave a reply