И овој октомври традиционално е обоен во розово.
Почнувајќи од 1985 година, десеттиот месец во годината насекаде во светот се посветува на борбата против ракот на дојката кај жените, кој е најчест тип на рак кај женската популација, опфаќајќи дури до 10% од жените во некоја етапа од нивниот живот.
Охрабрувачки е фактот што раната детекција во голем број случаи води кон успешен третман и надминување на болеста. Добрата информираност и редовните прегледи се клучни за ефикасно справување и рана детекција.
Покрај редовни лекарски контроли, еден од начините на кој можеш и самата да детектираш кој било од наведените симптоми е редовниот самопреглед. Постапката за самопреглед е едноставна и за неа е потребно да се издвојат околу 10 минути, барем еднаш во месецот. Сè што е потребно е внимателно да ги следите следните шест чекори:
Редовниот самопреглед е првиот чекор кој можете да го направите, се разбира надополнето со редовни прегледи и консултации со стручни лица. Кај повозрасните групи на жени од 40 до 50 години, особено значајни се и редовните мамографи кои се препорачува да се прават еднаш во две години, додека жените над 50 години е потребно да прават мамографија еднаш годишно.
Едуцирајте се за симптомите, делувајте превентивно и не заборавајте дека колку и да е динамично нашето секојдневие, грижата за нашето здравје треба секогаш да биде приоритет!
Самопрегледот може да спаси живот!
Прочитајте повеќе: